На социјалната мрежа ТикТок можат да се најдат необични исповеди и случки на луѓе кои решаваат да ги споделат со своите следбеници. Една од тие е и Саманта Гибсон која на оваа мрежа решила да ја сподели својата необична животна ситуација.
Имено, Саманта немала интимни односи повеќе од една година но кога отишле на преглед лекарот и соопштил дека е бремена.
„Појдов на лекар бидејќи имав вртоглавици и болка во стомакот, ми се случуваше два до три пати неделно да почувствувам прободување во стомакот. Кога појдов, болката беше толку голема што не можев ниту да одам, ниту да се помрднам“.
Саманта раскажала дека во болница ѝ извадиле крв, а потоа ја повикале и ѝ соопштиле дека е бремена.
„Им реков: Не сум бремена, буквално не сум имала односи една година или две, тоа е невозможно! Ми дадоа да направам тест за бременост, оној во кој се мокри, а кога резултатот беше негативен, ми рекоа дека повторно ќе ми извадат крв за секој случај“.
Оваа девојка потоа отишла повторно кај докторот, ѝ извадиле крв и повеќе никој од лекарите никогаш не ја повикал – ‘но, не сум бремена, поминаа неколку месеци од тогаш’, додава таа.
„Претпоставувам дека ги измешале примероците со крв или нешто слично, бидејќи не сум бремена и треба повторно да одам на лекар, бидејќи и понатаму имам болка во стомакот“, вели таа во видеото.
Многумина биле изненадени од овој настан и ги споделиле своите реакции, но некои се обидувале да ѝ помогнат во утврдување на проблемот, велејќи дека можеби се работи за синдром на полицистични јајници или ендометриоза.