Откако добила наследство, потрошила огромни пари на разни баханалии, но и околу еден милион на пластични операции, па сега изгледа како бомба!
Клара Лима, 28-годишна девојка со чешко потекло, мала останала без родители кои загинале во авионска несреќа. Наследството кое го добила го трошела на цигари, дрога, пиење… Како што вели, се откажала од животот, била осамена и се борела со анорексија и булимија.
Но денес таа е сосема поинаква личност, и тоа не само физички. Откако заминала на лекување на своите зависности, може да се каже станала зависник, но од пластични операции на кои потрошила околу милион долари.
„Имав седум операции, три пати го поткревав задникот и четири пати ги зголемував градите. На својот изглед потрошив, веројатно, околу милион долари“, рекла.
Естетските операции ги финансирала со парите од продажба на фирмата на нејзините родители, кои загинале откако паднал приватниот авион во кој се наоѓале.
Од оваа дистанца вели дека е опасно на некој толку млад да му се дадат многу пари.
„Со 17 ги направив сите глупости кои можев затоа што бев многу осамена“, вели Клара и додава дека е среќна што е жива, секако, и задоволна од себе.

