
Шабан Шаулиќ ја поддржувал Александра Пријовиќ за се, од самиот почеток на нејзината кариера.
Имено според она што го објавија медиумите, Александра Пријовиќ одбила песна од кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, што пејачот многу го налутило и и замерил на талентираната пејачка, дури се вели дека меѓу нив имало жестока караница бидејќи прво ја прифатила песната, а потоа се пишманила.
Направив преубава песна со хит рефрен, текстот одеше некако вака “Нисам ја опатица, калуџерица, манастир ми није дом, до бола и лудила, ја би тебе љубила, ал раскини прво с њом“.
На младата Пријовиќ на почетокот песната и се видела интересна, но набргу во консултација со нејзиниот тим заклучиле дека ова и не е баш адекватна песна за пејач од нејзин калибар.
Шаулиќ му се пожалил на еден новинар за оваа случка, и додал оти смета дека Александра многу згрешила што ја одбила оваа песна, и дека еден ден ќе се кае. Песната и е дадена на Биљана Марковиќ, таа според него одлично ја отпеала и Шаулиќ тврдел дека тоа ќе биде голем хит.