И кога таман стивна фамата околу наводното неверство на Ѓоле Ѓогани, Весна Ѓогани открива дека нивното семејство поминува низ нова драма
Весна Тривиќ (42), често знае да каже дека токму нејзиниот сопруг Ѓоле Ѓогани ја оформил во личноста која е таа денес. Сепак мал број на жени би можеле да издржат притисок каков што издржа таа минатата пролет, кога цела нација зборуваше дека Ѓоле ја изневерува. Тој дури беше уловен, како разменува нежности со непозната жена во неговиот џип.
Весна за овој настан прокоментира дека Ѓоле бил многу вознемирен околу целата ситуација, додека таа седнала и размислила што се вели со „ладна глава“, како би можела да делува рационално. Веднаш прифатила да гостува во емисија на телевизијата која ја обелодени приказната околу неверството. Кога се вратила во нивниот дом го анализирале нивниот однос. Во тој момент Ѓоле заклучил дека нивната релација дошла на едно друго ниво, и дека Весна е созреана и има поинакви потреби, не е повеќе мала и неискусна, сега точно знае што ја прави среќна. А тој имал поголема одговорност, да ги задоволи потребите на една таква жена.
Весна вели дека жената која била дел од сканадалот ја познава лично, го знае вкусот на својот сопруг со кого е 20 години, и знае што му се допаѓа а што не. Додава и дека оние кои не веруваат дека тој и е верен си имаат проблем, а нејзина работа не била да решава туѓи проблеми.
На крајот призна дека нивното семејство е пред нов предизвик, и во моментов повторно минуваат низ драматична ситуација дома, засега барала решение за проблемот, но кога ќе биде надминат таа нема проблем да обелодени што се случувало.