Милан Поповиќ и популарната хрватска пејачка Северина се чини никогаш не биле во полоши односи, тие двајца во моментов сеуште водат правна битка околу старателството над синот Александар.
На Северина неодамна и беше вратено старателството над синот, со што 50 проценти од времето би требало да биде кај неа, Милан изјави дека пејачката не го пуштала момчето да оди на училиште и по 45 дена. И дека бил добар за неа додека секој месец и плаќал по 50 000 евра за време на бременоста, поради испуштените настапи, а откако таа сума ја намалил на 10 000 евра, таа почнала да негодува и да го уценува „кралот на бакарот“.
На прашањето која е причината што тие двајца се разидоа, Милан откри дека првично нивната врска била краткотрајна искра која се изгаснала. Воедно тој не можел повеќе да го толерира нејзиното променливо расположение, од хистерија, преку омраза до потполна рамнодушност.
И второ сфатил дека тој за неа и екипата која ја опкружува бил само финансиски проект, за истото бил подготвен да приложи и докази.
Додаде и дека одамна нема нормална комуникација со Северина, и не разговара ниту за детето, бидејќи таа била тврдоглава и не прифаќала туѓо мислење, за неа постоело само нејзиното.