
Сања Маринковиќ, водителката на емисијата „Магазин ин“, вели дека мажот во партнерски однос мора да е доминантен на секое поле, во креветот, на маса во друштво, во изненадувањата и идеите.
Сања Маринковиќ додаде и дека не се работи за тоа тој да е финансиски помоќен од жената, туку да има став и поголеми амбиции.
Тие не се во можнос да направат баш се’ како нас жените, а ние пак сме некако „скроени“ тоа од нив да го очекуваме. Затоа сметам дека секоја жена треба да избере некој кој ќе и биде добар партнер, но истовремено да го остави да биде свој и да има време за себе, за своето хоби и активности кои го прават среќен.“
Сања вели дека е среќна што по гледањето на новиот српски игран филм „Тома“, била сведок како плачат повеќе мажи од жени. А тоа ја радува, бидејќи мажите на овие простори биле воспитувани да трпат и молчат наместо да си ги искажаат емоциите.