Ѓоле Ѓогани првпат отворено за разводот: „За крахот на нашиот брак виновни се спонзорушите“

Please follow and like us:
Pin Share

Иако со Весна Ѓогани е во брак речиси дваесет години, со која работи и живее и заемно се поддржува во се’, малкумина знаат дека Ѓоле Ѓогани разводот со својата прва сопруга, пејачката Слаѓа Делибашиќ, со која има две ќерки, многу тешко го поднел.

Имено, бидејќи никогаш не ја открија причината за разделбата, јавноста има разни претпоставки, а како највиновна се сметаше неговата сегашна сопруга Весна, која не ја наследи Слаѓа само во приватниот живот на „денсерот“, туку и во групата.

По цели две децении, тој раскажа за пеколот низ кој поминал за време на разводот.

Со Слаѓа живеевме во куќа на два ката, со голем двор, јас веќе имав визија како ќе си правам скара таму кога ќе бидам пензионер, а околу мене ќе си играат внуците. Но се’ тргна наопаку кога Слаѓа почна да се дружи со неколку спонзоруши кои ѝ ја ‘полнеа главата’ за тоа како треба да живее и каков да ѝ биде односот со мене. Таа почна да излегува до 2 по полноќ, а очекуваше јас да молчам и да ја чекам. Најчесто не беше во нашиот дом и ми бараше поголема слобода. Почна да се ‘задушува’, се’ ѝ беше малку.“

Ѓоле раскажа дека кога веќе не можел да го поднесе таквиот нејзин однос, тој прв ѝ предложил да се разведат, но тогаш за него почнуваат проблемите. Таа прифатила, а тој не знаел да се снајде во таа новонастаната ситуација. Почнал да посетува психијатар, но Слаѓа ни за тоа немала разбирање, кон него се однесувала надмено и не ѝ паѓало на памет да му помогне да ја надмине ситуацијата.

Кога се разведувале, вели тој,  ја штедел во медиумите. Никој не ја знаел причината за нивниот развод се’ до денес, сите мислеле дека е виновен Ѓоле, а, всушност, се’ почнало од Слаѓа.

Please follow and like us:
Pin Share