
Поранешен фудбалер на еден хрватски нисколигаш, Домагој Р. (28) кој во 2015 година со мобилен телефон ја снимал манекенката и поранешна лото-девјка Тина Катиниќ за време на сексуален однос со двајца пријатели, па потоа истото видео го испратил на трето лице, правосилно е осуден на една година и 11 месеци затвор.
Мачниот случај конечно доби судски епилог. Домагој Р. долго време ги избегнуваше хрватските закони, па 2016 и 2017 за него беше распишана судска потерница, а потоа во 2018 година и европски налог за негово апсење, поради кое минатата година беше испорачан од Германија во Хрватска.
Покрај тоа што Домгој бил осуден за неовластено снимање, тој добил осуден и поради фалсификување на исправа.