Александра Бурсаќ ја препеа песната на Тања Савиќ „Каде што патува љубовта“ и сними видеоспот, па затоа двете пејачки веќе не разговараат.
Тања се навреди затоа што Александра не ја праша и не се консултира со неа. Иако Тања не може да ѝ забрани да ја сними, сепак, човечки е да ја праша или барем да ѝ соопшти дека ќе го стори тоа, посебно земајќи предвид дека станува збор за најслушаната песна на Савиќ, која постојано ја пее на настапите и од која убаво заработува“, раскажува изворот за „Свет“ и додава:
аа песна не е снимена пред три децении, па некој да ја препее сега, туку пред десет години и се’ уште е многу популарна. на некој начин, Александра ѝ ја грабна песната, а земајќи предвид дека Тања заработува и живее од песните, и го одзеде лебот од устата. Гледам дека Александра ја поддржаа и ја пофалија голем број колеги, што мислам дека не е во ред од нивна страна, бидејќи никој од нив не би сакал да му се случи истото“, заклучува изворот.
Ова е една од моите омилени песни, се надевам дека ќе уживате како што уживав јас додека ја пеев. Посебна емоција и посебно значење“, соопшти Александра, која покрај видеоспотот на Инстаграм ги пофали сите што работеа на песната со исклучок на Тања Савиќ, која ја пее во оригинал.
