Децата на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ од секогаш биле под лупата на јавноста како поради популарноста на нивната мајка, така и поради нивниот покоен татко Жељко Ражнатовиќ – Аркан.
Тие од секогаш мораа да се потпрат еден на друг, особено кога беа одвоени од другите членови од семејството додека се школуваа на Кипар.
Но, како и обично не може да има помеѓу братот и сестрата секогаш слога, а меѓусебно секогаш мора да има и шеги и провокации.
Во една таква прилика Анастасија го снимаше Вељко како тој ја удира во рамо, а таа го штипе него.
-Па ме боли Вељко!, викаше Анастасија, додека Вељко ја удираше во рамото и по главата, по што и тој бурно реагираше.
Анастасија! Тоа нема сигурно да го ставаш на Инстаграм, реагираше Вељко, по што и го бутна телефонот.