Турчин има најголем нос на светот, влезе во Гинис (ФОТО)

Please follow and like us:
Pin Share

Турчинот Мехмет Озирек го има најголемиот нос на светот. Поточно, Мехмет Озирек е жива личност со најголем нос на светот.

Овој 71-годишник од Турција го собори овој рекорд во 2010 година кога гостуваше во италијанска ТВ емисија наречена Lo Show dei Record, за неговите димензии да бидат измерени од професионалци.

Се разбира, не мора да значи дека ова е најголемиот нос на планетата, но е најголемиот што е измерен и внесен во Гинисовата книга на рекорди. Носот на Турчинот е долг неверојатни 8,8 сантиметри, а наскоро ќе следи ново мерење.

Бидејќи носот е еден од ретките делови на телото – заедно со ушите – што продолжува да расте со возраста, многу е веројатно дека мерењето 11 години подоцна ќе открие дека штотуку го соборил сопствениот рекорд.

https://www.facebook.com/GuinnessWorldRecords/photos/a.433038889031/10152513604279032/?type=3

Сепак, Озирек го нема најголемиот нос во историјата.

Ако им се верува на извештаите, Томас Ведерс, попознат како Томас Вадхаус, го имал најголемиот нос досега. Циркузантот од Јоркшир, кој живеел во 18 век, наводно имал нос долг 19 сантиметри.

Please follow and like us:
Pin Share