Фудбалерот на Рома Никола Залевски се нашол во центар на скандал благодарение на сопствената глупост и својот добар пријател.
Овој 19-годишен Полјак бил на забава со реперот Зеп Дембо и тоа не било ништо спорно, да не одлучиле да испратат порака на тренерот на Рома, Жозе Мурињо.
“Искрено да ти кажам ова момче вечерва ќе ш*рка. Мурињо, вечерва ќе шмр*аме. Тоа ќе правиме“, кажал овој репер, додека Залевски се смеел.
#Roma, video choc di Zalewski. L’amico trapper: ‘Stasera pippiamo, capito #Mourinho?’ pic.twitter.com/rhvOjKSCjr
— calciomercato.com (@cmdotcom) October 8, 2021
Реперот ова видео го поставил на Инстаграм, а потоа брзо го избришал, веројатно сфатил што направил.
Залевски (19) досега одиграл три утакмици за Рома.