
Го оставив пред олтар! Тој човек беше од нашата област, но живееше во Америка. Сд беше средено, и јас одеднаш одлучив дека сепак не сакам да застанам со него пред олтар. Едноставно го сменив мојот план, раскажаНеда Украден (71).
Во интервју за српскиот Informer , таа откри дека мисли дека не згрешила.
– Бевме заедно една година и навистина се сакавме. Се изгледаше совршено додека не го оставив, а потоа ми го покажа вистинското лице. Раскинавме и тој го демолираше цел хотел Хилтон во Америка заради мене. Беше ужасно љубоморен! Тогаш сфатив дека жената мора добро да ги отвори очите кога ќе одлучи да се омажи. Бев во брак пред тоа и тоа ми беше доволно – рече таа.
Таа помина 15 години во брак со режисерот Милан Библија, кој почина во 2013 година, и тие ја имаат ќерката Јелена.
– Ги поминав најубавите години со мојот покоен сопруг. Ја добивме ќерката Јелена и таа можеби е главната причина зошто не сакав повторно да одам до олтарот, иако многумина ме молеа. Не жалам што не се омажив по втор пат. Подобро е да бидам сама отколку да бидам со некој од кој што ми е лошо и ми создава киселина во желудникот. – заклучи таа.