Текстописецот Марина Туцаковиќ непосредно пред смртта наводно имала само една желба, односно ги молела своите должници од естрадата, после нејзината смрт парите га ги вратат кај нејзиниот сопруг и син.
Имено, еден месец пред да почине, Марина ги повикувала своите соработници од естрадата со кои што со години соработувала и кои и должеле пари, молејќи ги после нејзината смрт парите да ги дадат на нејзиното семејство.
Како што наведува една пејачка, Марина била свесна дека крајот и се наближува и на секој начин сакала да им обезбеди финансиска сигурност на сопругот Александар Фута Радуловиќ и синот Милан Лача Радуловиќ.
Како што наведува пејачката, Туцаковиќ рекла дека на никого не му се лути, но дека многумина и погрешиле и дека и е жал поради тоа.
– Кога разговарав со неа за текстот за нова песна, ми рече дека лошо се чуствува и дека не ќе може да ми напише стиховите, па ми предложи да го повикам нејзиниот син Лача тој да ми напише песна. Тогаш ми кажа дека е многу огорчена, но дека е и немоќна да ги наплати долговите од пејачите, бидејќи сите се прават луди“ открива пејачката и додала:
– Нема да кажам кои се тие луѓе, се работи за многу познати имиња… На крај болна и изнемоштена ги повикала и им рекла кога ќе помине короната и почнат да работат, на нејзиниот сопруг и син да ги дадат парите. Секако, тие ветиле дека тоа ќе го сторат, како и многупати до сега. Доколку тоа не се случија ја подржувам одлуката Лача јавно да каже кој се и колку и должат на Мрина за песните.