ХЕР ЖИКА три пати се женел со иста жена! Била 2 години постара и имале бурна љубов

Please follow and like us:
Pin Share

Животот на познатиот Драгомир Гидра Бојаниќ, или хер Жика како што го паметат генерации по култната улога во „Жикина династија“, го обележала големата и бурна љубов со колешката Љиљана Контиќ.

Гидра својата жена многу ја сакал, но имале и проблеми. Заедно поминале 30 години, во кои имало два развода и три венчавки. Се запознале на студиите по глума, а Љиљана била две години постара од Гидра.

Гидра и Љаља, како што ја нарекувал сопругата, се венчале откако таа се вратила во Белград по ангажманите во Ужице и Вршац. Се венчале во 1966, а четири години подоцна ја добиле ќерката Јелена.

– Не верував дека така можам да бидам уловен. Не можев ни да претпоставам дека еден ден толку ќе бидат врзан за семејството, зборувал Гидра.

Љиљана пак рекла дека морала малку да се жртвува заради заедницата.

– На Академија бев мошне амбициозна, но во оној момент кога се омажив за Гидра бев свесна дека во интерес на семејството глумата ќе мора да трпи. Веројатно, нам жените тоа ни е во крвта. Тоа е човек кој може многу да истрпи, но во оној момент кога ќе прсне, може сешто да се случи, рекла актерката во едно дамнешно интервју.

– Не носи заеднички ветар, а Љаља трепти над мене. За семејството исклучително е важен флуидот кој не спојува, рекол Гидра во една прилика. Бидејќи често отсуствувал од дома, на снимањата неретко друштво му правеле сопругата и ќерката.

Овој актерски брачен пар зад себе има и неколку заеднички ангажмани, од кои еден од позначајните им е оној во филмот „13 јули“ од 1982 година.

Please follow and like us:
Pin Share