Една од нашите најдобри фолк-пејачки е Благица Калева родена Крстева, која долги години е на нашата естрада. Таа сега живее во Струмица, а инаку е родена во 1970 година во Валандово. Таа е дел од групата Модус.
Средно музичко училиште завршила во Штип. Настапувала скоро на сите фолк фестивали во Македонија. Најчето на настапите освојува некоја од наградите. На Валандово фолк фест 2007 ја освоила наградата најдобра песна од публиката.
Благица беше мажена со струмичкиот Музичар Костадин Калев – Дине. На 8 јули 2002 на пат за Скопје, тој за жал си замина во вечноста, во сообр аќајна нес реќа, а со него и нивната помала ќерка Викторија. Благица моментално живее во Струмица со ќерката Марија.
Во 2018 година, таа испеа песна со посвена на својата ќерла. Благица Калева со песната „Горда мајка“ победи на 33. издание на „Фолк фест Валандово 2018“ коe се одржа на 24 и 25 мај во фестивалската сала „Јанко Узунов“ при Домот на културата „25 мај“.
Автор на музиката е пејачот Горан Тодоровски, аранжманот е на Дејан Миленковски, а стиховите ги потпишува Ице Беличев. Благица и авторскиот тим освоија парична награда од 1.500 евра и статуетка златна калинка.
Познатата пејачка која ги изгуби ќерката Викторија и сопругот Костадин со оваа емотивна балада инспирирана од нејзиниот живот ги освои симпатиите на публиката со песната која ја испеа за ќерка си. „Таа е мојата светлина во животот. За неа живеам и се борам. Редно беше и нејзе да ѝ посветам песна од мојата ризница“ – изјави Калева тогаш.
Пред две години, во домот на Благица во Струмица, имало голема причина за радост. Борче, момчето на нејзината ќерка Марија, на романтичен начин, со транспарент и со музика, ја запросил својата сакана, а на пат било и бебето.
За „Фокус” Благица тогаш раскажа низ сол зи за убавиот настан, а гласот и треперел од емоции. Вели дека по сите горч ливи со лзи кои ги исплакала во животот, тој ден за прв пат пролеала сол зи радосници.
-Ете, и ние дочекавме во нашиот дом да се пее, да се пл аче од среќа. Марија и Борче се заедно од деца, цели 13 години трае нивната љубов, и бебето ќе ни дојде наскоро. Иако се подразбираше дека тие, со оглед на нивната љубов и желбата да си имаат свое семејство, еден ден ќе запловат во брачните води, сепак, запросувањето на некој начин беше изненадување.
Борче ми се јави и ми откри што подготвува, па заедно се договоривме да и кажеме на Марија дека ќе одиме на роденден, се дотеравме, како што доликува. Седевме дома, таа чека Борче да и се јави, наводно за роденденот, јас целата треперам, не смеам ништо да откријам, а ни самата не знаев што точно ќе и приреди.
Тогаш тој и се јави и и рече да излезе на балконот. Живееме на четвртиот кат во зградата, а доле на приземје се наоѓа неговиот дуќан со оптика. Марија ништо не предосети, а кога се појави на балконот, Борче и неговите другари беа доле со голем транспарент. Во исто време, пред влезната врата се слушнаа звуците на гитарите, мојот бенд ја засвири песната ,,Дајте ми ја” – раскажа Благица.
Малата Софија се роди на 25 мај минатата година, мај и од тогаш животот на Благица и се смени. Вели постојано сака да е до неа, бидејќи внуката и е лек на душата.
-Сега сакам само да сум до неа. Да помагам и кога Марија и Борче не го бараат тоа од мене. Понекогаш можеби и претерувам ама тоа е посилно од мене. Што да правам. Се вратив назад скоро 30 години кога јас станав мајка.
Многу ми се смени животот. Нели кога ќе бидеш мајка си многу млад, па имаш и други обврски, па понекогаш немаш нерви за сопственото дете, па ти помагаат мајката или свекрвата. Но, сега со внуче е сосема поинаку. Имам и нерви и време. Што и да работам оставам заради внучето, изјави Благица за ММС.
На почетокот од јуни оваа година, Благица на Фејсбук објави слики од првиот роденден на внуката. Таа изгледа одлично и многу средено, и по насмевката се гледа дека е многу среќна.
Калева одлично изгледа и на сликите кои ги објавија нејзините пријатели Адеријана Алачки, Ирена Спировска и Благоја Грујовски, кои емисијата „Везилка“ ја посветија на градот Струмица каде што живее и Калева. На сликата се уште неколку колешки на Калева, меѓу кои и Сузана Гавазова и Ленче Кукиќ.