Хрватскиот пејач Тони Цетински гостувал на телевизијата „Лаудато“ каде што зборувал за неговото практикување на верата, а важен дел од интервјуто посвети за нашиот непрежален Тоше Проески.
Делови од неговото интервју пренесува хрватски „Индекс“.
Цетински проговорил и за своето пријателство со Тошe Проески, чија смрт страшно го погодила.
-Од Тоше многу научив, иако сум многу постар од него. Тој не беше само човечко суштество, тој беше повеќе од тоа, рече Цетински, додавајќи дека бил малку лут кога загинал.
„Откако го нема, сакам да бидам што е можно подобар. Но, имаше период на гнев и чувство на неправда каде што брзав. Бев во брак каде што се атеистите, тотално оддалечен од Црквата. Брзав, одев со главата низ ѕидот. Си дозволив пороци. Целосно се изгубив и отидов во погрешен правец“, рекол музичарот.