Кристина Арнаудова прозборе искрено за Гоце: Децата ме прашуваа како може да немаш татко – првпат го сретанв кога бев шесто одделение

Please follow and like us:
Pin Share

Кристина Арнаудова, пејачката и претседател на здружението „Проект среќа“ кое им помага на социјално ранливите категории, беше во студиото на „Репортер“. Во интервјуто, таа раскажа дека неодамна го прославила својот роденден.

Кристина откри дека имало две торти, една здрава, без глуетн и без шеќер кои пејачката една ипол година не ги конзумира, а една нездрава, за сопругот и за децата. Таа рече дека не ја плаши стареењето кое е природен процес и дека секоја нова година е благослов за неа.

-Никогаш не сум имала навика да пеам дома, мене место за пеење ми се сцена и студио. Децата не бараат од мене. Ако запеам дома, децата ми викаат: Добро мамо, добро. Веќе 6 години постои „Проект среќа“, кое што се роди како мое хоби, а прерасна во моја професија.

И се помалку и помалку време имав да се бавам со музиката. Приматот го зема хуманитарната работа. Не можеш да бидеш и тука и тука, да си добар и во тоа и во тоа.

Решив приматот мој да биде хуманитарната работа и работата со деца на коишто сме им потребни. Кога ме прашуваат: Кога повтпрно ќе снимаш, велам- веројатно никогаш и никој не ми верува“, рече Кристина.

Потоа зборуваше за „Проект куќа со Кристина“ која се работи повеќе од една година. Проектот почнал пред пандемијата во февруари во 2019 година, но морале да направат пауза. И кога виделе дека пандемијата брзо нема да заврши, продолжиле во март 2020 и реновирале 6 дома.

-Целата сезона ќе биде составена од 16 епизоди, еден дом две епизоди, и во една сезона ќе има 7 дома“, рече Кристина. Инаку емисијата почна да се емитува на ТВ Телма во неделите.

Кристина објасни дека е тешко да се изберат семејствата на кои ќе им се пружи помош и реновиран дом, затоа што има многу пријавени.

Но, предност имаат оние кои се во соција лен ризик, имаат деца, но да имаат желба да работат, затоа што здруженито не поддржува семејства кои не сакаат да работат и кои сакаат да живеат од донации.

-Цело време сум со некакви списоци, што треба да се сработи, колку пари ни требаат, кај да се најдат.. Прво се бира домот, после се прави проценка, потоа јас почнувам да барам материјали, санитарии, бои, бела техника, мебел…“, рече Кристина за процесот и при тоа нагласи дека сумата е огромна и се собираат пари од разни донации.

Потоа рече дека оди многу тешко, и веќе два месеци бараат донации и мајстори за еден дом, и приказната за пет дена една куќа кај нас не може да се оствари поради барањето донации кое не одело брзо. Потоа раскажа за својата семејна приказна.

– Мајка ми ме родила многу многу млада, тоа се случило, и бидејќи таа веќе била спремна да замине на факултет во тој момент, баба ми и дедо ми не биле во тој момент за таа да чува дете, но таа не сакала да се откаже од мене и се запишала на факултет, и го заврши тогаш факултетот и сега мајка ми е електро-инженер.

Во тој период додека мајка ми студираше ме чуваа баба ми и дедо ми, и тие се клучни фигури во мојот живот“, рече Кристина за своите баба и дедо кои се жал упокоени. Потоа, новинарката ја праша за татко ѝ , популариот пејач Гоце Арнаудов, за тоа кога за првпат дознала дека тој ѝ е татко.

-Јас вакви работи одбегнувам да зборувам, особено зашто тој веќе не е меѓу нас, но првпат дознав кога бев петто одделение.

Четврто или петто оддление бев кога дознав дека татко ми е пејач, тој во тоа време не живееше во Македонија, живееше во Србија. И тогаш мајка ми веќе сметала дека е време, дека ќе разберам веќе се, бидејќи јас често прашував.

Бидејќи децата околу мене ме прашуваа: Како може да немаш татко. На таа возраст сфатив, а тогаш веќе кај мене беше многу изразена желбата за пеење. И веројатно тоа можеби ја поттикнало мајка ми да ми каже.

Мене не ми недостасуваше, бидејќи јас не знаев како е никогаш да се живе со татко, така да не ми фалеше ништо. И дедо ми, и баба ми и мајка ми се трудеа, од овој аспект веќе знам дека се трудеа да ми го компензираат тоа.

Ми фалеше од аспект на тоа дека сите други деца имаа комплетни семејства, и во мал град те гледаат чудно, децата се такви, знаат да кажат, да те прашуваат…

Ама јас мислам дека многу добро се носев со тоа. Не ми несостасуваше никогаш, и благодарам што мајка ми успеа да компензира за се“, рече Кристина која е инаку од градот Неготино.

Потоа рече дека кога се појавила на музичката сцена сите ја викале ќерката на Гоце Арнаудов, а ако јавноста решила дека ти и ќерката на Гоце, тоа ќе останеш, а таа не сакала да објаснува.

-Од една страна нормално е дека си горд што си наследник на еден вонвременски вокал, талент како Гоце Арнаудов, а од друга страна цело време се трудиш да изградиш своја кариера и да објасниш дека не си разгалено дети ште“, рече Кристина која инаку нагласи дека се борела со квалитет.

Потоа рече дека за првпат се сретнала со својот татко кога била шесто или седмо одделение но не би сакала да зборува на таа тема. „Со сестра ми и брат ми сме во одлични односи, и баш живееме како семејство, и често делиме убави моменти.

Се гледаме, ама не пречесто, бидејќи таа живее во Охрид и таму ѝ е семејството, а ние сме во Скопје, но се слушаме често.

Многу сакаме да се посетуваме и има многу голема поддршка и од неа, и нашите деца многу се скаат, братучеди, таа има две девојчиња, јас имам две машки“, рече Кристина за нејзината сестра Харита.

Целото интервју со Кристина Арнаудова можете да го погледнете ТУКА. 

Please follow and like us:
Pin Share