Што се случило меѓу Здравко Чолиќ и Фрида од ABBA во 1973?

Please follow and like us:
Pin Share

Популарниот балкански пејач Здравко Чолиќ откри дека во младоста поминал идиличен викенд со пејачката на ABBA, Фрида Лингстад.

Во 1973 година Чолиќ ја претставуваше Југославија на Евровизија во Луксембург со песната „Gori Vatra“. Таа година шведски претставник не беше ABBA, но биле таму, а Чолиќ потоа се зближил со пејачката Фрида Лингстад.

„Фрида од групата ABBA ја запознав на Евровизија, каде на друго место. Потоа ме покани на заеднички викенд. Се чинеше ветувачки, но после сите тие три дена идила се чувствував искористено како инстант супа. Готвиш за пет минути, јадеш додека е топла и тоа е тоа“, раскажа Чолиќ.

Чола беше омилен кај жените во поранешна Југославија, а за средбата со Фрида рече дека недостасувала единствена страст.

„Сѐ имаше: и куќарка и каминот и свеќи и цвеќиња, карирани завеси и чаршафи, печена риба во фолија со бадеми и есенцијални масла … Но, таа вистинска, единствена, луда страст што се случува помеѓу маж и жена, недостасуваше. Немаше спонтаност, па сѐ изгледаше како кога ќе закажеш тренинг за двајца во теретана“, додава тој.

Наредната 1974 година ABBA ја претставуваше Шведска и победи со хитот „Waterloo“.

Здравко Чолиќ денес е во брак со сопругата Александра со која има две ќерки.

Фрида зад себе има три браќа.

Please follow and like us:
Pin Share