Горан Пандев после Европското првенство се повлече од репрезентативниот дрес, но одлучи да одигра уште една сезона во дресот на Џенова.
Иако веќе има 38 години, Пандев се уште игра на врвно ниво, а брајките покажуваат дека е еден од најдобрите ветерани во светот.
Кога ќе се погледне статистиката за оваа календарска година, меѓу фудбалерите над 36 години, само Кристиано Роналдо постигнал повеќе голови.
Пандев е на второто место со 8 постигнати гола и има повеќе од фудбалери како Ибрахимовиќ, Кваљареала, Модриќ…