Веројатно сите во животот сме ја слушнале изреката дека на лагата и се кратки нозете. А оваа изрека буквално на своја кожа ја осетила една жена која го изневерувала својот сопруг.
Според изневерениот сопруг, ваквата вест го шокирала и сакал да ја сподели со сите се со цел да добие совет што да прави.
-Дознав дека мојот пријател и јас ја “делиме” мојата сопруга. Уморен сум од животот и навистина не знам чиe предавство е поголемо – нејзиното или неговото. Мојата сопруга има 38 години, а јас 42 – како и мојот пријател кој моментално е синг. Секогаш не поврзуваа многу работи со мојата сопруга – љубовта кон велосипедизмот, но и заедничките излегувања. Но неодамна дознав дека нејзината афера со мојот другар трае повеќе од три години, вака тој ја започнува својата приказна.
Имено, тој случајно ги открил. Тој заминал на прошетка и го забележал автомобилот на неговиот пријател. Му пришол за да го поздрави, но тоа што го видел го уништило!
-Кога пријдов, мојата сопруга и тој беа среде жестока акција, а јас не можев да им верувам на очите. Вечерта почекав да си легнат децата и се соочив со неа. Наместо да се покае, таа ладнокрвно ме праша “Што – мислиш дека ти си единствен во куќава што смее да има афера?”. Наводно, мојот пријател и кажал дека јас ја имам изневерено на една ергенска забава, а таа од одмазда ја започнала аферата. Таа сакала да ја прекине аферата, но мојот другар и се заканил дека се ќе ми каже, објаснува Британецот.
Тој и признава дека бил неверен една вечер кога бил на ергенска забава со другарите во Берлин. Вели премногу испил и завршил во соба со непозната девојка. Но, утрото се покајал и никогаш повеќе не направил таква грешка.
-Тоа се случило само еднаш и воопшто не личи на мене. Сакам да им простам на двајцата, но не знам како да го направам тоа, завршува тој.