МАКЕДОНЕЦОТ ДАНИЕЛ СТЕФАНОВСКИ ПРОТИВ МАРОКАНЕЦОТ МАРУНИ!

Please follow and like us:
Pin Share

31 октомври 2021 година, Цирих, Швајцарија – Даниел Стефановски два килограми е полесен од Мараканецот Таха Алами Маруни пред утрешната борба во Дубаи на настанот на Суперкомбат. Стефановски вели дека ја прифатиле борбата и дека оди на победа.Стефановски е светски првак на реномираната кик бокс организација Суперкомбат, а Марканецот Таха Алами Маруни е светски првак на ВАКО про. Даниел е светски шампион и на ВКУ.Суперкомбат е основана во јануари 2011 година од Едуард Иримиа и постојано се шири низ светот како бренд на професионалниот кик бокс.Борбата на Стефановски – Маруни е коглавна на овој настан кој го предводи Седрик Думбе, осум пати шампион на најреномираната кик бокс организација Глори.Даниел Стефановски е Македонец по потекло, живее и работи во Цирих, Швајцарија, каде и што е роден, а неговите родители по потекло се од Куманово!Поддршка за Даниел Стефановски за победа!

Please follow and like us:
Pin Share