Анастасија Ражнатовиќ откри кога планира да се мажи

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ наголемо се подготвува за новиот албум, а дека е доста популарна доволно зборува фактот дека Инстаграм ја следат половина милион луѓе. И покрај тоа, таа не се доживува како инфлуенсер.

– Јас сум пејачка, не сум блогерка, влогерка. Може да се каже дека сум влијателна на Инстаграм, но не сум инфлуенсер. Се што на таа социјална мрежа објавувам оди со мојата примарна работа, а тоа е пеењето. – рече таа за Ало.

Таа е веќе неколку години во врска со Ѓорѓе Куљиќ, бизнисмен од Нови Сад, а на прашањето кога планираат да се венчаат имала интересен одговор.

– Не знам кога ќе се омажам, бидејќи се уште не сум верена. Ќе треба да го прашате Ѓорѓе кога ќе ме запроси. Шега на страна, никаде не брзаме. Направивме малку поголем чекор, од неодамна почнавме заедно да живееме, па ќе видиме. Засега уживаме, убаво ни е и мислам дека се оди по некој свој тек. Од друга страна, јас се уште сум млада – вели Анастасија.

Анастасија проговирла и за новата работа која ја започнала.

– Што се однесува до мојата козметика, ја започнав од љубов кон разубавување и мислам дека направив нешто добро и квалитетно кое можам да го понудам и на девојки и мажи, со обзир на тоа дека линијата е унисекс. Дека во неа верувам сведочи и фактот дека и јас ја користам – истакна младата пејачка.

Се осврна и на ангажманот на својата мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ во жирито на „Ѕвездите на Гранд“.

– Не се ни сомневав дека одлично ќе се снајде. Таа е доминантна жена, знаев дека ќе биде доминантна и во жирито. Препукувањата кои таму се случуваат се нормални, а таа како интелигентна жена секогаш паметно им возвраќа на сите. Во случај некој да проба да ја испровоцира, таа смирено и со стил одговара – одговори Анастасија

Please follow and like us:
Pin Share