
Поп-пејачката Симона Попоска пред некој ден на своето синче Никола му го прослави шестмесечниот роденден ако може така да се каже.
По тој повод, Симона подготвила роденденска торта, а фотографијата на која позира со нејзиниот наследник ја објави на социјалните мрежи.
– Твоите шест месеци ни донесоа многу радост нам и на сите околу тебе. Гледањето како растеш е најголемата радост што ја чекавме. Среќен шестмесечен роденден, душо – стои како коментар на фотографијата.
