
„Момчето на Наташа Беквалац“ е една од најпосакуваните титули на балканската сцена
Атрактивната Наташа Беквалац имаше емотивно бурен живот. Позади себе има 3 брака и исто толку разводи. За нејзините љубовни авантури постојат многу натписи во медиумите. Но по последниот развод се чини дека пејачката љубовниот живот го чува далеку од очите на јавноста.
Не е познато дали некој периодов успеал да го освои нејзиното срце, со текот на времето, после се низ што таа помина внимателно избира кого ќе го пушти близу себе.
Вчера на социјалната мрежа Инстаграм Беквалац сподели фотографија на која се таа и извесен Михајло, двајцата прегрнати и со широки насмевки на лицата. Потоа и Михајло ја презема истата фотографија.
Судејќи по описот на фотографијата не се сомневаме дека Наташа и Михајло се блиски. Но се чини дека е ова пријателски однос. За нова љубов изгледа малку ќе почекаме.