Дино Мерлин има безброј хитови, но малкумина знаат дека песната „Кад си рекла да ме волиш“ ја напишал за неговата најголема љубов, сопругата Амела, во моментите кога биле разделени и му било многу тешко.
Со оглед на тоа дека Дино Мерлин потекнува од скромно семејство, а неговата сопруга Амела од имотно, нејзините и забранувале да излегува со Дино, и не ја поддржувале оваа врска. Па така во нивната 5 годишна врска тие често се гледале криејќи се, за никој да не дознае.
Во еден од тие тешки моменти кога не можел да ја види својата сакана, Мерлин бил инспириран да го напише-еден од неговите најголеми хитови, песната „Кад си рекла да ме волиш“. Публиката ја прифати и за брзо стана негов голем хит, и денес е барана на сите негови настапи.
Оваа љубовна приказна сепак имала среќен крај, Дино си ја земал Амела и тие тајно се венчале. Во една прилика тој кажа
Се боревме, криевме, но не постоеше нешто што може да не раздели
На почеток, родителите на Амела половина година воопшто не разговарале со нивната ќерка. Но, Мерлин вели „времето лечи се“, па така денес нејзините го сакале и повеќе од она што заслужувал.