Синот на Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал поминува во фаза на пубертет, пејачката открива дека нејзиниот развод и тоа што и се нарушени односите со бившиот сопруг оставило последици на постариот син Јаман.
Децата на Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал во моментов живеат со пејачката, а таткото го гледаат кога ќе посакаат. Јаман има 13 години, а Јавуз 9 години.
Емина отворено пред новинарите изјави дека со Јаман ѝ е многу тежок овој период. Бил своеглав, секогаш тој знаел подобро, сè сакал да биде по негово, а она што најмногу ја погодувало е тоа што одбивал одредени нејзини совети и насоки, секогаш на крајот постапувал како што тој си замислил и не ѝ дозволувал на мајка си да влијае на неговиот начин на живот.
Пејачката се пожали дека кога Јаман и Јавуз би имале по 13 години, односно доколку и двајцата истовремено би биле во пубертет, не е сигурна дека би можела да се снајде и да одговори на таков предизвик.
Таа смета дека Јаман ги користи нерасчистените односи помеѓу неа и Мустафа, и на тој начин секогаш го добива она што го сака.