Пејачката Тања Савиќ го помина своето детство во родниот град Радинац, село во близина на Смедерево.
Пораснала во големо семејство, има брат и сестра, а значајна трага во нејзиното растење оставила нејзината баба, за која била многу приврзана.
Никогаш не и недостасувало ништо, научила да ги цени вистинските вредности.
Во интервјуто за 24седам, таа целосно си ја отворила душата и се потсетила на она за што сонувала како дете, како ја прифатиле во општеството, зборувала за сите тешки животни одлуки, децата Максим и Џорџ и нивниот однос со нивниот татко.
На прашањето дали таа може да се види себеси уште еднаш како сакана жена и дали ќе си даде можност да запознае нова љубов таа одговори:
– Апосолутно да.
Не губам вера во љубовта. Дадов се од себе да го сочувам тој брак и врската, и не гледам никаде моја грешка. Сметам дека ја заслужувам својата среќа, љубов и верувам дека ќе ми се случи после се што сум поминала. Сето тоа ме направи појака, ми се врати сјајот во очите, насмевката, се прегрнав самата себе.