Пред бракот со Роналдо живеела во тешка сиромаштија: Татко и бил во затвор, а мајка и загинала – еве што работела Георгина за да „преживее“

Please follow and like us:
Pin Share

Иако има шпанско државјанство, Георгина Родригез (27) е родена во Буенос Аирес во Аргентина, но најголем дел од животот го поминала во Шпанија.

Нејзиниот татко Хорхе е Аргентинец кој бил фудбалер во минатото, а почина пред точно две години, додека нејзината мајка Ана Марија е Шпанка.

Хорхе десет години поминал и во затвор поради тргување со дрога, додека неговите две ќерки Георгина и Ивана живееле со нивната мајка во голема сиромаштија.

Убавата Георгина освен со манекенството се занимавала и со танцување, но не успеала да биде професионална балерина, кратко работела и како келнерка во еден ресторан.

Нејзината мајка трагично загинала во 2011 година, па таа заминала за Англија да ја пронајде својата среќа. Работела како дадилка и чистачка за да може да си го плати факултетот.

По завршувањето на студиите се вратила во Мадрид каде се вработила во продавница на Гичи кога во 2016 година се случила нејзината судбинска средба со Роналдо (36).

Фудбалерот и убавата Георгина се заљубиле на прв поглед, а потоа ја добија и ќерката Ален Мартин.

 

Please follow and like us:
Pin Share