Jeлена Карлеуша 14 години по смртта на Тоше Проески: „Никој не знаеше за нас, ова е вистината за нашиот однос!“

Please follow and like us:
Pin Share

Јелена Карлеуша со само една објава на Инстаграм успеа да расплаче илјадници луѓе, откривајќи детали кои јавноста не ги знаеше за нејзиниот однос со Тоше Проески

Еве што напиша поп-пејачката:

На годишнината од смртта на Тоше Проески, по толку години, можам да откријам некои детали кои јавноста не ги знае…

Јас и Тоше бевме неразделни кога бевме многу млади. Тој имаше само 18 години, а јас две или три години повеќе. И двајцата снимавме албум во Атина и тоа траеше со месеци.

Секој ден, освен недела, одевме заедно во студио. Само јас имав возачка дозвола, па секој ден ни беше ист: станував, појадував, го земав Тоше од центарот на Глифада, каде што и двајцата имавме станови, и возев со мојот мал ‘опел’ до центарот на сообраќајниот метеж во Кифисија.

Патувањето траеше просечно еден час, а тој постојано пееше во автомобилот.  До таму и назад. Секој ден.

Пееше постојано во студио, за време на паузите за ручек, додека одеше во тоалет, пееше и пееше … Дури и нашиот продуцент Фивос на шега рече дека кога го напушта студиото, од нас, нема сила да слушне ниту еден тон на музика. Тоше пееше постојано“, напиша Карлеуша и продолжи..

Please follow and like us:
Pin Share