Малкумина знаат за животот на Сузана Јовановиќ, пред Саша Поповиќ пејачката имала скромен живот

Please follow and like us:
Pin Share

Сопругата на најбогатиот пензионер на Балканот, Сузана Јовановиќ никогаш во животот не сакала да биде во ценатрот на вниманието поради богатството кое го имаат со Саша Поповиќ.

Таа не се фали со луксуз и бренсирани работи, па се труди каде и да се појави да биде во елегнатна скромна комбинација.

Таа, исто така, призна дека купува на пазари, од што воопшто не се срами.

– Не ме интересираат коментарите на стилисти кои велат дека се облекувам како селанка. Го носам она во што се чувствувам добро. Порано немав пари да носам брендирани предмети, пазарев во трговски центри и на евтин пазар. Тоа е сѐ за луѓето – истакна пејачката.

Сузана додаде дека не и се допаѓа тоа што жирито на музичките натпревари секогаш го коментира стајлингот на учесниците.

– Страшно е кога жирито го коментира стајлингот на натпреварувачите, важно е тие да бидат уредни, чисти и испеглани, а не да врескаат марки зад нив.

Откако пред неколку месеци го продадоа Гранд, Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ започнуваат нов бизнис, пишуваат српските медиуми.

Познато е дека Саша Поповиќ не може да не работи, па затоа смислил нова работа во која ќе ги вложи своите милиони од продажбата на продукцијата. Овојпат, во новиот бизнис ќе му помага и сопругата Сузана Јовановиќ.

Имено, како што пишуваат медиумите, парот одлучил да започне бизнис со недвижности.

„Купија неколку плацеви на Бежаниска коса, и тоа во близина на нивната куќа“ вели извор за Скандал и додава:

-Се градат луксузни станови од 100 квадрати со големи тераси, но во понудите имаат и мали станови, дури и гарсоњери.

-Како што слушнав веќе распродале една зграда, поточно купени се сите станови додека се во изградба бидејќи така се поповолни цените, а Саша им излегува во пресрет на купувачите бидејќи знае дека се тешки времиња, вели изворот и потенцираше дека и Сузана му се приклучила во новиот бизнис.

„Сузана е задолжена за проджбата, тој е нејзин дел од работата, но и Сале ужива“, вели соговорникот.

По овој повод, брачниот пар Поповиќ се уште не огласи да ги потврди или демантира овие пишувања.

 

Please follow and like us:
Pin Share