ЦРНА НОЌ ЗА СРПСКАТА ЕСТРАДА: „Играле“ ножици, летале боксови, имало скали полни со к*в!…

Please follow and like us:
Pin Share

Скандали кога е јавната сцена во соседството во прашање никогаш не недостасувале, а вчерашниот ден бил за рубриката за црна хроника.

Во првиот инцидент главен јунак е Иван Маринковиќ кој бил избоден со ножици, и тоа од страна на свршеницата. Се се случило по 20 часот кога вереницата го нападнала бившиот сопруг на Гоца Тржан, и му нанела повреди во пределот на раката.

Фотографија на која се гледа крвава рака тој објавил на социјалните мрежи веднаш после немилиот настан,  и пред да биде однесен во болница.

Неговата вереница се обидела да ја измами јавноста, велејќи за медиумите дека таа и Маринковиќ седеле во станот и се смееле на новинските написи, меѓутоа не сметала дека медиумите ќе ја фотографираат крвта пред нивниот стан, и како Иван оди со брза помош да ја санира раната.

Веднаш после тоа, се појави вест дека пејачот Дарко Лазиќ и неговата девојка Барбара се испотепале после една прослава и дека пред маса народ се влечеле, тепале, туркале, а потоа со насилството продолжиле и во автомобилот.

Како што наведуваат извори и двајцата биле под дејство на алкохол, што е честа појава кога се тие двајца во прашање.

Екс моделката Невена Аџемовиќ завршила во болницата иако во медиумите првобитно се појавила информација дека Ивана Стаменковиќ Синди е хоспитализирана, вистината е дека нејзината сестра, Невена Аџемовиќ, сношти околу 21 часот била примена во болницата “Лаза Лазаревиќ“.

Имено, некогашната членка на групата “Моделс“ во придружба на патрола била пренесена во болница, а поводот бил нервен напад. Брзата помош ја викнала мајка и, а тие побарале помош од полицијата за асистенција.

Please follow and like us:
Pin Share