
Фолк-пејачката Зорица Марковиќ неодамна раскажа детали од својот љубовен живот, но и дека неверствата биле честа појава на естрадата.
Не мислам дека сум имала лоши одлуки, јас не простувам неверство. Вистина е дека по промоцијата на мојата песна ‘Мирно спавај, нано’, се вратив дома и го видов мојот Гаги како филмски се бакнува со помлада девојка. Подоцна му стана сопруга, а по 20 години се разведоа. Јас двапати застанав на ‘лудиот камен’, но се лизнав од него. При падот не се ни изгребав, а тие двајца ‘потонаа’. На естрадата сите по ред изневеруваат, и тоа го знаат многумина.“
Зорица ги коментираше и војните на нејзините колеги, кои се судат со бившите партнерки за докажување на татковството над децата. Таа е секогаш на страната на колегите, но откако Драган Којиќ Кеба го признал вонбрачниот син, смета дека и Мирослав Илиќ ќе го стори истото. Вината ја гледа во мајките, кои според неа не требало да прават деца со мажи кои биле во брак, ако веќе тоа им пречело.