Популарниот српски рапер Реља Поповиќ, сопругот на пејачката Николија, минатиот четврток е „фатен“ како разменува нежности со девојка во кино
Поповиќ е забележан како се љуби со девојка на последните седишта во кино. Изгледале како двајца заљубени тинејџери. Информацијата за настанот ја споделил на твитер некој од присутните во кино салата, а Реља бил благовремено информиран па и тој самиот се огласи и ја прокоментира оваа вест.
За да не ме прашувате секој одделно: Да, информацијата е точна, имам нова девојка
Она што очевидците не го забележале добро е тоа дека новата девојка на Реља е всушност неговата сопруга Николија која од неодамна има нова фризура, и тоа кратка руса коса, а сопругот и најблиските беа водушевени од промената.
