Од кога се појави информацијата дека Светлана Цеца Ражнотивиќ ќе ја замени Јелена Карлеуша во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, јавноста не се смирува, а информацијата дека популарната пејачка во својот тим ја повикала Ивана Петрес, која беше дел од екипата на Карлеуша ги изненади многумина.
Со такви прашања новинарите ја дочекаа Цеца пред влезот во студиото, а таа љубезно им објасни зошто се одлучила на тоа.
– Се одлучив за Ивана бидејќи таа е нашата врвна пејачка, што го докажа тоа во годините наназад. Сите знаат каков вокал е и не морам ништо да кажувам за тоа. Ја обожавам приватно и поради сето тоа ја побарав во мојот тим – рекла Цеца.
Таа додаде дека во нејзиниот тим ќе бидат Дамир Хандановиќ, како и психологот Александра Јанковиќ, која е добра пријателка на Цеца.
Популарната пејачка објасни и дека нејзиниот тим ќе работи со кандидати на високо професионално ниво, а потоа еден од новинарите праша зошто во тимот не е побарана и Мира Шкориќ, која работеше заедно со Ивана Петерс во тимот на Карлеуша сите овие години.Цеца бурно реагираше, имајќи предвид дека со години не е во добри односи со Шкориќ, иако порано биле неразделни.
– Да ве прашам нешто, дали јас некој друг споменав за вие вака да прашувате. Реков Хандановиќ, Ивана и Александра – луто рече Цеца.