
Текстописецот Марина Туцаковиќ е погребана денес на Новите гробишта во Белград, а по погребот синот на Марина, Милан Лаќа Радуловиќ, како што пренесува српски Курир, наводно им забранил на Цеца Ражнатовиќ, Саша Матиќ и Милан Калиниќ да приоѓаа до гробот.
– Вие не приоѓајте, другите можат, наводно им рекол Лаќа на Цеца, Саша и Милан заради што многумина останале во шок.
– Сите кои бевме во близина го слушнавме тоа. Работата е во тоа што тие воопшто и не беа ни близу до гробното место. Цеца веднаш се заврте и си замина, рекол извор кој бил присутен.
Инаку, на погребот меѓу присутните биле Јелена Карлеуша, Оливер Мандиќ, Јелена и Жика од Зана, Даниел Павловиќ, Жељко Јоксимовиќ…