Љубомората е негативна емоција која го убива бракот-Јелена Томашевиќ искрено за љубовта!

Please follow and like us:
Pin Share

Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ неодамна прославија десет години брак а во јавноста важат за еден од најхармоничните парови.

Сепак, пејачката неодамна откри во една емисија како љубомората влијае врз нивната врска.

Кога се споменува хармоничен и успешен брак, многумина веднаш помислуваат на Јелена и Иван кои ја негуваат својата љубов од ден на ден и успеваат да останат заедно, среќни во овие брзи, модерни времиња.

Меѓутоа, бракот како таков има неколку предизвици, кои парот успешно ги надминува и се спротивставува на сите денешни проблеми. Круна на нивната љубов е нивната ќерка Нина, која расте од ден на ден, и е центар на светот за пејачката и актерот.

Неодамна, Јелена коментираше како гледа на бракот и како го гледа своето партнерство со Иван.

– Бракот е духовен подвиг и тоа е заеднички раст. Сопружниците растат како луѓе и како емотивни партнери. Имавме среќа да се сретнеме на време и да сфатиме дека сме еден за друг – изјави пејачката.

Таа, исто така, прозборе и за љубомората и откри дали е присутна во бракот.

– Мислам дека љубомората е негативна емоција, иако многумина мислат дека е показател за љубов, но кога сакаш некого, треба да му дозволиш да ги живее своите соништа, живот и да ужива во својата работа. Имам среќа што Иван ме поддржува и што имам слобода да го правам тоа што го сакам, па среќна сум кога неговите успеси се во прашање – додаде Јелена Томашевиќ.

Please follow and like us:
Pin Share