Еден од најголемите боксери на сите времиња ќе биде гостин на Боксерската асоцијација на Србија, објави Блиц. Тајсон ќе пристигне во последниот дел од Светското првенство, а имал неколку услови за да дојде во Белград.
Еден од нив е да го добие целиот кат на еден од најпознатите хотели. Тој побарал и специјално мени базирано на биволско месо, и испратил порака до организаторите дека сака голем избор на свежо цедени овошни сокови.
Тајсон, 55-годишен поранешен шампион во тешка категорија, минатата година одржа егзибициска борба против Рој Џонс.
