Мирза Бркиќ (36), син на познатата пејачка, Ханка Палдум, уапсен е во Неум, БиХ, под сомнение дека физички и психички малтретирал девојката и ја присилувал на сексуален однос.
Бркиќ бил уапсен откако жената во чија куќа двајцата престојувале на летување, повикала полиција.
Информацијата за пријавата и за приведувањето за медиумите го потврдил и портпаролот на полицијата во херцеговско-неретванската област, Људевит Мариќ, информираат босанските медиуми.
Мариќ потврдил и дека имало пријава од девојката против Бркиќ за психичко и физичко малтретирање и за присилување на интимен однос противно на нејзината волја.
Девојката во полицијата изјавила дека била малтретирана о сексуално злоставувана.
Бркиќ е приведен во полицијата во Мостар, а по сослушувањето тој бил пуштен на слобода.
Инаку, на синот на Ханка Палдум ова не ми е прв престап. Тој во 2014 година предизвикал сообраќајна несреќа во која се повредени тројца пешаци, а во кистрагата е утврдено дека бил под дејство на наркотици. Осуден е на две години затвор, но судот наложил казната да ја издржува со лекување на психијатриска клиника и со одземање на возачката дозвола на една година.
