
Пејачката Ана Николиќ неодамна имала сообраќајна несреќа, а сега повторно беше фатена на „граница“ да направи судар.
Ана седнала во својата црна „мечка“ и се возела низ српската престолнина. Иако предната страна на автомобилот е целосно уништена, на Николиќ тоа воопшто не и пречело. Таа најпрво ја однела својата ќерка Тара во градинка, а потоа тргнала по своите обврски. Неа цело време ја следела екипата на српски „Папарацо
лов“.
Иако неодамна таа имаше сообраќајна несреќа, многу би помислиле дека таа се смирила, но изгледа не е така. Имено, Ана повторно за малку да доживее уште една незгода, а тоа прилично го изнервира лицето кое се наоѓаше во другиот автомобил.
Пејачката влегла во жолчна расправија со него, а за да не дојде до сериозни штети, возачот продолжил по својот пат.
Ана продолжила понатаму, а потоа следел уште еден шок – пејачката паркирала на зелена површина, која се разбира не е предвидена за тоа. Овој пат, Николиќ не се извлекла, бидејќи веднаш реагирала комуналната полиција.