
Пејачката се мажела дури четири пати, а својот трет партнер го фатила во неверство.
Лепа Лукиќ имала бурен љубовен живот. Се мажела дури четири пати, а еден од своите партнери го фатила на дело, во неверство.
Имено, после разводот од Тома Лукиќ, со кого, како што и самата раскажала преживеала пекол поради неговата љубомора, Лепа 1977 година се мажи за тогашниот успешен менаџер Владимир Перовиќ, а нивниот брак траел седум години. Пејачката го фатила Владо во неверство, и тоа во нивниот семеен дом.
Изневерувањето било причина за раскинување на нивната брачна заедница, а Лепа своевремено во јавноста објаснила како изгледала оваа непријатна ситуацција, кога сватила дека животниот партнер и е неверен.
– Му реков дека одам десет дена во странство да пејам. Ме однесе на аеродорм. Цмок, смок. Јас ко бајаги, одам, но се вратив истата вечер. Ги затекнав како се распослале во спалната. Нејзе ја исфрлив надвор онака гологаза! Ме молеше да и ја дадам облеката, но не и ја дадов. Отполсе и ја фрлив по скалите и ја избркав надвор – раскажала пејачката пред неколку години во ед но интервју.
Инаку, Лепа после Владо се омажила за Милан Милановиќ 2000. а со него била во брак се до неговата смрт.