Сузана Манчиќ патувала на турнеи со Тома Здравковиќ, но едно не знаела: Тоа го криеше достоинствено!

Please follow and like us:
Pin Share

Водителката Сузана Манчиќ одела често на турнеии со покојниот легендарен пејач Тома Здравковиќ.

– Тома го познавав многу добро, бидејќи настапувавме заедно. Водев програми на концертите, но исто така и пеев со него. Тоа беше моето златно време. Крајот на осумдесетите бев гостинка на неговата турнеја низ цела поранешна Југославија. Сите градови заедно ги поминавме – се присетила Сузана.

Водителката кажала дека Тома од сите криел дека рак на мочниот меур.

– Не знаев дека е болен. Го криеше тоа и својата мака ја носеше достоинствено. Чуствував дека постојано е напнат, но не знаев дека тоа е поради болеста. Секогаш се трудеше секој концерт да го изработи со душа, онака како што и публиката го пречекуваше. Драго ми е што имав чест да настапувам со таков великан како Тома – изјавила познатата водителка.

Please follow and like us:
Pin Share