
Популарната водителка Јована Јоксимовиќ тврди дека со месеци не била да се почести со некое парче квалитетна облека, ни таа, ниту пак нејзиниот сопруг, пејачот, Жељко Јоксимовиќ.
Водителката Јована Јоксимовиќ обожава кога нејзините деца се дотерани и складно облечени, една од нејзините омилени активности е кога „шопингува“ за нив. Но, кога сме кај неа и сопругот Жељко Јоксимовиќ, вели дека не може ни да се присети кога последен пат излегле од нивниот дом со намера да купат нешто за нив двајца.
Одамна, јас и сопругот ништо не сме си купиле, јас купувам само за децата, додека ние двајца, само ако ни дојде некој дизајнер на гости, па на лице место да пробаме и да купиме. Јас во последниве години станав стручњак за детска облека, цени, материјали, квалитет. Па ако некому му треба совет нека ми се обрати слободно на таа тема.“