Јована Јоксимовиќ за ќерката на Жељко од првиот брак: „Јас не можам да ѝ бидам мајка“

Please follow and like us:
Pin Share

Водителката Јована Јоксимовиќ е во брак со популарниот пејач Жељко Јоксимовиќ цели 10 години, од овој брак двајцата имаат 3 деца, синот Коста и ќерките Ана и Срна, додека Жељко од претходниот брак има уште една ќерка – Мина.

Во јавноста често се шпекулира за односотшто водителката Јована Јоксимовиќ го има со наследничката од првиот брак на својот сопруг, Мина Јоксимовиќ, која од пред некое време живее со нив.

Јас на Мина не можам да ѝ бидам мајка, не можам да ѝ бидам ниту другарка, можам да ѝ бидам пријателка и некој кој ќе биде тука за неа секогаш кога ѝ е потребен. Луѓето ги мешаат улогите. Мина има прекрасни родители, прекрасна мајка и прекрасен татко“, неодамна изјави водителката на утринската програма на телевизијата во сопственост на славниот музичар.

 

Please follow and like us:
Pin Share