Александра Пријовиќ: „Додека не се омажив, мислев дека животот на Лепа Брена изгледа многу поинаку“

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачката Александра Пријовиќ изјави деа кога била мала животот на нејзината свекрва Лепа Брена го замислувала многу поинаку, мислела дека русокосата балканска мегаѕвезда живее живот како на филмовите, и не е ангажирана во домот и семејството како секоја друга жена – домаќинка.

„Мислев дека мојата свекрва живее живот кој е извонреден и за нас ‘обичните недостижен’, но откако влегов во ова семејство, сфатив дека таа има нормален живот со сите секојдневни обврски и предизвици, како и мојата мајка“, раскажа фолк-пејачката за медиумите.

Пријовиќ во денешното интерву за порталот еспресо.рс изјави и дека откако станала мајка нејзиниот живот и приоритетите комплетно се смениле, себеси се доживува како секоја друга девојка, со тоа што во „описот“ на нејзиното работоно место е да се појавува во медиумите, да снима спотови и да настапува во клубовите.

Кажа дека кога камерите се исклучени таа е во својот дом, посветена сопруга на Филип Живојиновиќ и мајка на малиот Александар, и се соочува со сите проблеми и предизвици кои ги носи животот.

Please follow and like us:
Pin Share