Ураганките и Дарко Лазиќ испратиле порака до јавноста со извинување, поради неможноста да присуствуваат на концертот.
Популарните Ураганки во состав со Ивана, Сања и Ксенија, каде и да се појават предизвикуваат големо внимание, а нивните настапи се преполни бидејќи сите доаѓаат да уживаат во нивното пеење, но и во кореографијата која посилниот пол ги остава без текст.
Овој пат на публиката ќе и биде ускратено едно незаборавно забавување, бидејќи девојките не биле пуштени во авион, и со тешко срце испратиле порака до своите фанови со сооштение:
– Ние сме на аеродром, не не пуштија да полетаме. Се надеваме дека ќе се видиме некоја друга прилика, ви се извинуваме.
И Дарко Лазиќ имал драма на аеродромот…
Покрај Ураганките, и Дарко Лазиќ го мачи иста мака па и се обратил на публиката со видео заедно со популарната тројка, и извинување. Причина поради која не се во можност да присуствуваат на концерт е кинеската вакцина, која не е прифатена, така што фановите ќе мора да причекаат друг концерт.
