Регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2026“ официјално го отвори конкурсот за нови авторски композиции, со повик до пејачи и автори од Македонија и регионот да земат учество.
Конкурсот опфаќа категории поп, забавна и медитеранска музика, а е отворен во периодот од 24 февруари до 24 мај 2026 година. За учество, заинтересираните треба да достават демо снимка во mp3 формат, при што композициите мора да бидат оригинални и претходно необјавени.
Организаторите информираат дека резултатите од селекцијата ќе бидат познати најдоцна до 10 јуни, по што избраните автори ќе треба да ги достават финалните верзии на песните до 1 јули.
Натпреварувачката вечер ќе се одржи на 18 јули и ќе обедини 24 изведувачи од земјите од поранешна Југославија, меѓу кои и Македонија. Предвиден е директен телевизиски пренос, како и широка медиумска поддршка.
Право на учество имаат сите автори и изведувачи постари од 18 години, а дозволени се и дуети и меѓународни соработки. Пријавувањето се врши преку e-mail адресата: biserjadranakonkurs@gmail.com
.
Дополнително, избраните учесници ќе треба да достават биографија, професионални фотографии и потврда за авторството.
Да потсетиме, минатата година на фестивалот победи Ана Петан со песна во соработка со легендарниот Дадо Топиќ.
Организатор на фестивалот е НВО „Delić koji nedostaje“, а директор е Бојан Делиќ
