Имаше период кога нивните имиња беа насекаде – по телевизии, настапи и хит-песни што се слушаа низ целата држава. Но токму кога беа на врвот на својата популарност, овие три фолкерки направија потег што ја изненади јавноста – целосно се повлекоа од естрадата и заминаа во странство.
Јасмина Муакетова, која важеше за една од најактуелните и најбараните пејачки во својот период, во момент кога кариерата и беше во полн подем, се повлече од сцената и замина во Америка. Таму се омажи и денес живее мирен семеен живот, далеку од светлата на сцената и јавноста.
Сања Ристеска, исто така големо име на македонската фолк сцена, во време кога нејзината популарност растеше, донесе одлука да замине во Австралија. Таму продолжи со нов живот и работа, оставајќи ја музиката зад себе токму кога сите очекуваа најголем успех.

Сани, уште една популарна фолкерка од тој период, тивко се повлече и замина во Швајцарија, каде што се омажи. Од тогаш речиси и да не е присутна во јавноста, ниту на социјалните мрежи, што ја направи нејзината приказна уште помистериозна.
Денес, иако живеат далеку од сцената, нивните имиња сè уште се паметат – како симбол на едно време кога беа на врвот, а потоа исчезнаа од естрадата без големо збогување.
