Бројот на прегледи на песната „Despacito“ наскоро ќе биде поголем и од бројот на луѓе што живеат на планетата

Please follow and like us:
Pin Share

Песната „Despacito“, хит на Луис Фонси и Деди Јенки, објавена во текот на 2017 година, наскоро ќе има поголем број прегледи на YouTube отколку што има жители на планетата.

Песната собра повеќе од седум милијарди и петстотини милиони прегледи за четири години. Вкупното население на планетата Земја се проценува на седум милијарди и деветстотини милиони луѓе.

Кога беше објавена песната „Despacito“, тоа беше огромен планетарен хит што речиси постојано се пушташе на радио во текот на 2017 и 2018 година.

Please follow and like us:
Pin Share