
Нивес Целзиус ги раскажала сите детали од времето кога Дино играл за Динамо.
Има доста шокантни и изненадувачки приказни во светот на спортот, но една е посебно интересна.
Хрватскиот фудбалер Дино Дрпиќ завршил на трансфер листа, со што бил избркан од загрепскиот Динамо! Зошто? Поради секс со Нивес Целзиус на теренот на “Максимир“.
Нивес, некогашен модел на “Плејбој“, ги открила сите детали кои се случиле на “Масимир“.
“Дино се договорил со одредени луѓе да ги остават запалени рефлекторите за нас а потоа го исполнивме неговиот сон, водевме љубов во центарот на теренот. Беше многу валкано“, раскажала Целзиус.
Тоа се случило 2009 година, а кога челниците на клубот дознале за тоа експресно реагирале. Го ставиле на транфер листа, па го испратиле како позајмица во Карлсуре – Германија
Набрзо договорен бил трансфер со германскиот клуб а потоа заминал во АЕК, никогаш повеќе не се вратил во Динамо.
За репрезентацијата на Хрватска одиграл еден меч, шанса му дал Славен Билиќ на пријателски меч со Словачка.
Инаку, Нивес и Дино биле во брак девет години и имаат две деца. Се развеле 2014. година.